Откриен шверц на цигари во Бургас во вредност од над 2,5 милиони евра

Стоката низ Бугарија минувала во транзит. Ова е најголемо количество на запленети шверцувани цигари од почетокот на годинава во Бугарија.

412

Во пристаништето Бургас, денеска, бугарските цариници запленија шверцувани цигари во вредност од над пет милиони лева ( 2,5 милиона евра) и притоа приведоа цариници. Како што јави дописникот на МИА од Софија, шверцувани биле 651.000 пакувања цигари, што биле пронајдени во контејнер натоварен на траект од Грузија за Унгарија.

Стоката е пронајдена по рендгенски преглед од страна на царинското разузнавање во Бургас.






Отворена е предистражна постапка за криумчарење стока за комерцијални цели од голем обем.

Стоката низ Бугарија минувала во транзит. Ова е најголемо количество на запленети шверцувани цигари од почетокот на годинава во Бугарија.

– За време на физичкиот преглед, пронајдена е плута. Декларираната стока-ролни од хартија, се наоѓале во задниот дел од контејнерот и покривале многу мал дел. Целиот друг дел бил наполнет со цигари, или над 650.000 кутии – коментираше заменик директорот на Генералниот директорат за царинско разузнавање и истраги, Тихомир Каменов.

Поврзани содржини