ОТКРИЕН МАЈСТОРОТ ЗАД БИТКОИНОТ? Илон Маск вели, тоа е познатиот Ник Сабо
Студијата предлга дека Сабо користел бесплатна програма наречена Латекс за да ги пласира своите документи за Биткоин, а доказ за тоа се фразите кои се употребени во документите кои се совпаѓаат со подоцнежни постови на Сабо. Тој ја користи програмата и денес кога објавува документи за јавноста.
Озлогласениот, загадочниот, итриот татко на криптовалутата биткоин, кој веројатно е милијардер, познат под псевдонимот Сатоши Накамото можеби е конечно разоткриен. Извештај на „Њујорк Тајмс“ од 2015 година го поврзува биткоинот со Ник Сабо, а според Илон Маск, основачот на Тесла, тоа веројатно е вистината.
– Се чини дека Ник Сабо, веројатно повеќе од кој било друг, е одговорен за еволуцијата на овие идеи. Ник за себеси тврди дека не е Накамото, но не сум сигурен што би можело да биде вистина. Сепак, тој изгледа поодговорен за идеите зад биткоинот од кој било друг – неодамна изјави Маск.
Но, кој е Ник Сабо?
Дипломирал на Универзитетот во Вашингтон на ИТ-науки. Но, подоцна завршил и правен на Универзитетот Џорџ Вашингтон. Ако правиш крипто, ти треба да знаеш кои се законите, особено тие за финансии.
Сабо го направил БитГолд во 1998. Тоа е еден незавршен проект кој може да се смета за претходник на Биткоинот. Доволно за човек да научи од своите грешки, не?
Во студија од 2014 година од Центарот за форензика на Универзитетот Астон, форензирачите и лингвистите прогнозирале дека Сабо е човекот кој се грие зад „Сакамото“.
Bitcoin Creator Satoshi Nakamoto Is Likely Nick Szabo, Suggests Elon Muskhttps://t.co/EPPOqnQpJX
— vincentyu.eth (@vincent13031925) December 30, 2021
Студијата предлга дека Сабо користел бесплатна програма наречена Латекс за да ги пласира своите документи за Биткоин, а доказ за тоа се фразите кои се употребени во документите кои се совпаѓаат со подоцнежни постови на Сабо. Тој ја користи програмата и денес кога објавува документи за јавноста.
Ник Сабо е многу познат говорник за историјата на криптовалутите и блокчејн технологијата. Тој има над 300.000 следбеници на Твитер. Но, до ден денес тој ги негира тврдењата дека бил анонимниот пронаоѓач на водечката криптовалута на денешницата.