ОТКРИЕН ИРАНСКИ ПЛАН ЗА ЛИКВИДАЦИЈА НА ТРАМП Израел со сериозно предупредување до Белата куќа

Американски медиуми, повикувајќи се на неименувани извори, тврдат дека Израел ја предупредил администрацијата на Доналд Трамп за наводен ирански план за атентат, додека официјална потврда за ваквите информации засега нема.

0

Израел ја предупредил американската администрација за наводен ирански план за атентат врз претседателот Доналд Трамп, објавија Си-Ен-Ен и „Волстрит журнал“, повикувајќи се на неименувани извори.

Според извештаите, иранското раководство неодамна изготвило план за атентат. Засега не се објавени дополнителни детали за наводниот заговор, пренесува ДПА.






Американската администрација во изминатите недели добивала повеќе предупредувања за потенцијални закани, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски функционер. Сепак, предупредувањето од Израел, според истиот извор, било поразлично бидејќи содржело информации за конкретен план за атентат.

Друг американски функционер за Си-Ен-Ен изјавил дека предупредувањето може да претставува и обид за влијание врз одлуките на Трамп во врска со конфликтот со Иран. Според медиумските извештаи, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се залагал за поостар пристап кон Техеран, при што меѓу него и Трамп имало несогласувања околу политиката кон Иран.

Трамп дополнително ги поттикна шпекулациите за безбедносните ризици откако, спротивно на очекувањата, не го искористи новиот претседателски авион „Ер Форс Уан“ (Air Force One) при враќањето од самитот на НАТО во Анкара.

– Јас сум број еден на листата за отстрел на Иран – изјави Трамп, без да даде дополнителни објаснувања.

Поврзани содржини