ОТКАЖАНО ДЕНЕШНОТО РОЧИШТЕ ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ Адвокатот на Палевски се пожалил на здравствени проблеми

Во текот на денот судот ќе извести за кога е закажано следното рочиште.

853

Откажано е денешното рочиште на кое првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, требаше да продолжи да одговара на прашања од неговиот адвокат Јовица Страшевски.

Адвокатот Страшевски го известил Судот дека не може да присуствува на денешното рочиште од здравствени причини. Поради тоа Судот ги отповикал наредбите за спровод од затвор на обвинетите Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски, како и на Александар Ѓорчевски од куќен притвор.






Во текот на денот судот ќе извести за кога е закажано следното рочиште.

Поврзани содржини