ОТКАКО СТАНА МАЈКА НА 54, ГИ ОХРАБРУВА И ДРУГИТЕ ЖЕНИ ДА НЕ СЕ ПРЕДАВААТ Бригит Нилсен за мајчинството во шестото десетлетие од животот
Данската глумица и пејачка Бригит Нилсен проговори за својот последен потфат, вештачкото оплодување, охрабрувајќи ги и другите жени да го сторат тоа.
Таа е мoжеби најпозната заради бракот со Силвестер Сталоне, кој траеше само 19 месеци кон крајот на 1980-тите години, но и по тоа што, пред три години, по петти пат стана мајка, на 54-годишна возраст. Данската глумица и пејачка Бригит Нилсен проговори за својот последен потфат, вештачкото оплодување, охрабрувајќи ги и другите жени да го сторат тоа.
„Ова е многу скапа игра каде што, може или нема да победиш. Многу лекови, хормони, многу страдања за конечно некој да ти се јави и да ти каже – „извини, не си бремена“. Лекарите ми дадоа само 3 – 4 отсто шанса да добијам јајце-клетки. Но, ги имаше доволно… Имаше многу разочарувања. Иако сте свесни колку години имате и шансите се против вас, сепак не се откажувајте“, вели Бригит Нилсен.
Таа ја започна својата јавна кариера во 1980-тите години, прво како модел. Нејзиниот впечатлив изглед (висока е 185 см и има кратка руса коса) ги привлече погледите на познатите фотографи, а потоа стана и глумица. Во 1985 година, глумеше со Арнолд Шварценегер во „Црвената Соња“, па во нејзината книга објавена 2011 година, таа вели дека имала куса врска со Арнолд, додека тој бил во брак.
Кога се снимаше „Роки 4“, се сврши со Силвестер Сталоне. Се венчаа во Беверли Хилс, Калифорнија, 1985, а бракот траеше до 1987 година. Медиумите објавија дека бракот завршил драматично, а таа ја соблекла облеката и целиот накит и гола ја напуштила куќата.
Од 2007 година, таа е во брак со Матија Деси, кој е 15 години помлад од неа и со кого пред три години го доби нејзиното петто дете, ќерката Фрида.
„На интернет, 95 отсто од луѓето ќе Ви честитаат за вашето дете. Ќе бидат среќни затоа што и Вие сте среќни, но секогаш ќе има такви што ќе пишуваат – „како се осмелуваш, па ти си баба! Ќе умреш пред да наполни 10 години“ и сл.“, вели Бригит.
Фото: Фејсбук