ОТКАКО РОНАЛДО СЕ ВРАТИ ВО КЛУБОТ, НИКОЈ НЕ ЈАДЕ КОЛАЧИ Фудбалерот се храни со киноа, авокадо и варени јајца
Голманот на Манчестер јунајтед, Ли Грант открил дека ниту еден играч на Јунајтед не отишол на десерт после вечера во петокот навечер. И сето тоа заради влијанието на Роналдо.
Петок навечер, хотел. Обично, на крајот на вечерата може да си дозволите пита со јаболка, англиски крем од јајца, млеко и шеќер на пареа, чоколадна торта или нешто друго. Но, ниту еден играч не допре такво нешто. Дали сите видоа што има во чинијата на Кристијано? А што имаше во неа? Киноа, авокадо и неколку тврдо варени јајца. Овој човек е во неверојатна форма. Го има речиси најдоброто тело во тимот … После мене, се пошегувал Ли Грант, голманот на Манчестер јунајтед.
Имено, Роналдо и на 36-годишна возраст е во извонредна физичка подготовка со далеку подобри перформанси од многу помлади фудбалери и според зборовите на Грант, тој по враќањето во клубот веќе влијае врз прехрабените навики на своите соиграчи заради што, десертите и слатките задоволства за членовите на клубот се откажани.
Португалската ѕвезда имаше моментално влијание по второто доаѓање на „Олд Трафорд“, постигнувајќи два гола во саботната победа од 4-1 над Њуксл Јунајтед.
Човекот кој е апсолутно педантен кога станува збор за одржување на своето тело во врвна форма, очигледно веќе има ефект и на навиките на соиграчите надвор од теренот.
Фото: Инстаграм