ОТКАКО ГО ФРЛИ ЗНАМЕТО НА ЗЕМЈА Ќе ја врати ли МРТ Андреа од Евровизија дома?

„Против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал“, се вели во во реакцијата на МРТ.

2,119

Јавниот радиодифузен сервис МРТ жестоко го осудува инцидентот на нашата претставничка на „Песна на Евровизија 2022“, Андреа Конеска, но размислува и да ја врати дома, соопштуваат повеќе медиуми.

За време на фотографирањето во Торино, Андреа направи необичен гест и го фрли државното знаме со кое претходно се фотографираше.






„Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон. МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис  ја разгледува можноста и за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ. Против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал“, се вели во во реакцијата на МРТ.

 

Поврзани содржини