ОТКАКО ДИ КАПРИО ЈА ЗАПОЗНА НЕГОВАТА ДЕВОЈКА Милијардерот Џеф Безос му упати порака на актерот (ФОТО)
Луѓето на Твитер веднаш почнаа да се шегуваат со објавата на Безос. Многумина објавија и различни мемиња, но Ди Каприо не одговори.
Џеф Безос на Твитер објави статус посветен на Леонардо ди Каприо откако на интернет се прошири видеото од девојката на Безос, Лорен Санчез, која се запозна со познатиот актер.
„Лео, дојди овде, сакам да ти покажам нешто“, напиша Безос приложувајќи ја својата фотографија со табла на која пишува: „Внимание, стрмна карпа. Фатален пад“.
Leo, come over here, I want to show you something… @LeoDiCaprio https://t.co/Gt2v9JZTNz pic.twitter.com/KqGLB839NI
— Jeff Bezos (@JeffBezos) November 8, 2021
Луѓето на Твитер веднаш почнаа да се шегуваат со објавата на Безос. Многумина објавија и различни мемиња, но Ди Каприо не одговори.
„За жал, Џеф, ти си толку смешен“, „Ни со целото богатство на светот не можеш да го купиш женско срце“, „Разбирам дека го задеваш Ди Каприо, но да бидеме искрени, треба да разговараш со Лорен Санчез која јавно флертува со други мажи кога е со вас. Можеби го одобрувате тоа, но мислам дека нејзините постапки беа малку претерани“, „Говорот на телото никогаш не лаже“, „Лео ти ја украде девојката“, се само дел од коментарите на Твитер.