Mузичарot Крис Браун (32) повторно се соочува со обвиненија за физичко злоставување.
Портпаролката на полицијата во Лос Анџелес, Лизет Ломели, потврдила дека Браун е под истрага, бидејќи на 18 јуни во текот на наводна расправија удрил жена. Идентитетот на жртвата на јавноста не ѝ е познат.
„Жртвата – женски пол рекла дека таа и осомничениот се расправале и дека тој ја удрил. Поднесена е пријава за телесни повреди“, рекла портпаролката.
Во моментов не е познато колкава е тежината на повредите и дали Браун е виновен.
Музичарот на себе го навлече гневот на светската јавност кога во 2009 година ја претепа тогашната девојка, пејачката Ријана, ноќта на доделувањето на музичките награди Греми. Браун раскажа дека работите се искомплицирале кога на Ријана ѝ ја признал врската со друга девојка, за која порано тврдел дека никогаш не бил со неа. Следувале расправии и физички пресметки.
Раперот тврди дека пејачката манијакално го удирала и навредувала, сè додека не изгубил контрола и ја удрил со раката. Ѝ ја расекол устата, а таа наводно му плукнала крв во лицето, што дополнително го разбеснило.
Браун во јавноста е познат по историјата за насилство врз жените.
ФОТО: Инстаграм