ОТИШЛЕ НА КОНЦЕРТ „СНАБДЕНИ“ СО МАРИХУАНА, ТАБЛЕТИ, ПЕЧУРКИ… Во Охрид уапсени тројца прилепчани

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во станот, кој го користеле тројцата прилепчани.

0

Охрид полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид вчера ги уапсија Б.Р.(30), Г.Ј.(32) и С.Н.(33), сите од Прилеп. Прво, на истиот ден во 01:20 часот наутро, во спортскиот центар „Биљанини извори”, за време на одржување на концерт, полициски службеници го лишија од слобода Б.Р. затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во станот, кој тој го користел заедно со Г.Ј. и С.Н., при што биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе таблети, грендери со остатоци од марихуана, стаклен предмет со печурки, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.






Тие се задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира полицијата.

Поврзани содржини