ОТЧЕТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАВАДАРЦИ Митко Јанчев не знае да застане (ВИДЕО)
Не застанавме во ниту еден момент, континуирано се работи за убаво Кавадарци, изјави Јанчев.
Проекти значајни за Каваадци во првите 100 дена од градоначалничкиот мандат на Митко Јанчев денеска беа презентирани на видео-бим на јавна седница во Советот на Општина Кавадарци. Видео од седницата можете да го проследите на следниот линк.
– Вашата дадена поддршка за втор мандат, за мене значеше соочување со уште поголеми предизвици за брзо реализирање на сите планирани проекти. Предизборната програма почна да се планира, но и да се реализира од првиот ден од новиот мандат. По изминати 100 дена, заедно со службите , но и со Вас, драги сограѓани, сведоци сме на голем број реализирани проекти – изјави градоначалникот Јанчев додавајќи:
– Не застанавме во ниту еден момент, континуирано се работи за убаво Кавадарци.
На настанот беа присутни и раководителите на секторите и претседателот на советот на Општина Кавадарци.