ОСУМДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА КАВАДАРЧАНИТЕ КОИ НАПАДНАА ПОЛИЦАЕЦ ВО ДИСКОТЕКА Началникот бил на должност, испитувал шверц на дрога

Кога во дискотеката го забележале началникот на кого и претходно му упатувале заканувачки пораки преку други лица, осомничените на возраст од 31 и 33 години започнале да го туркаат и да го удираат со боксови по главата и телото, при што му ја скинале облеката и му нанеле повеќе повреди – набиеници и расекотини, соопшто Основното јавно обвинителство.

756

Судот им определи осумдневен притвор на двајцата осомничени за напад на полициски началник пред дискотека во Кавадарци. Основното јавно обвинителство соопшти дека е поведена постапка и прифатен предлогот на обвинителството за мерката притвор.

Полицискиот началник, според написот, бил на должност во раните утрински часови и постапувал за откривање на сторители на шверц со дрога.






„Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против две лица за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Двајцата соизвршители осомничени за ова кривично дело, на 15 февруари во раните утрински часови, во дискотека во Кавадарци нападнале службено лице – полициски началник кој во моментот бил на должност и постапувал за откривање на сторители на недозволена трговија со дрога“.

Понатаму во соопштението на ОЈО се вели:

„Кога во дискотеката го забележале началникот на кого и претходно му упатувале заканувачки пораки преку други лица, осомничените на возраст од 31 и 33 години започнале да го туркаат и да го удираат со боксови по главата и телото, при што му ја скинале облеката и му нанеле повеќе повреди – набиеници и расекотини.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомничените. Предлогот е прифатен и судот им определи притвор во траење од осум дена“.

Поврзани содржини