Осум жртви и рекордни 241 заразен од ковид -19 во Македонија

1,259

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.700 тестирања, а регистрирани се 241 нови случаи на ковид-19.

Починати се 8 лица, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица.






Во Скопје има 73, Куманово 10, Дебар 1, Штип 60, Прилеп 5, Тетово 32, Струга 3, Велес 1, Битола 3, Охрид 2, Гостивар 14, Гевгелија 6, Струмица 4, Крива Паланка 3, Радовиш 3, Крушево 1, Кочани 8, Пробиштип 1, Демир Хисар 2, Виница 1, Кратово 1, Свети Николе 5, Кичево 2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравени лица од: Скопје 40, Битола 1, Пробиштип 1, Демир Хисар 1, Кичево 1, Ресен 7.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст 59, 61 и 62 години. Во ГОБ „8 Септември“ починаа четворица  пациенти – двајца на возраст од 67 години и двајца 76 годишни пациенти. Во КБ Тетово е починат пациент на возраст од 66 години.

Поврзани содржини