ОСУМ УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО СИНАГОГА ВО СВЕТИОТ ГРАД „Циничен акт на денот на Холокаустот“
Заменик-претседателот на Советот на Руската Федерација (Горниот дом на парламентот), Константин Косачев ја изрази поддршката на неговата земја за израелскиот народ и го нарече денешниот напад „особено циничен и неприфатлив на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот", пренесе ТАСС.
Осум лица загинаа во пукање во синагога во Ерусалим, а десет се повредени, соопшти денеска израелското Министерство за надворешни работи, јави Си-Ен-Ен. Маген Дејвид Адом од израелската служба за спасување соопшти дека стрелецот бил неутрализиран на местото на настанот и дека некои од повредените се во критична состојба.
Израелската полиција го опиша како „терористички напад” и рече дека се случил во синагога во Неве Јаков, која Израелците ја сметаат за соседство во Ерусалим, додека Палестинците и поголемиот дел од меѓународната заедница сметаат дека е окупирана земја.
Палестински групи го поздравија нападот, но не презедоа одговорност.
❗️ At least 7 people were killed and 10 others injured in a shooting in #Jerusalem
It is reported that an unidentified man entered a synagogue in the Neve Yaakov district in eastern Jerusalem while praying and shot people. The shooter has been eliminated.
📰 The Jerusalem Post pic.twitter.com/gstX04EMPe
— NEXTA (@nexta_tv) January 27, 2023
САД го осудуваат терористичкиот напад на синагога во Израел, изјави заменик портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател. Тој додаде дека високи американски претставници се во контакт со нивните израелски колеги и дека не очекува никакви промени во планираната посета на Ентони Блинкен на Израел следната недела.
Заменик-претседателот на Советот на Руската Федерација (Горниот дом на парламентот), Константин Косачев ја изрази поддршката на неговата земја за израелскиот народ и го нарече денешниот напад „особено циничен и неприфатлив на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот”, пренесе ТАСС.
Прес-центарот на израелската полиција на Твитер објави дека вечерва бил отворен оган врз синагога во источен Ерусалим, во која според првичните информации загинале осум лица, а 10 се повредени. Нападот се третира како терористички акт.
Напаѓачот е елиминиран. Тој бил активен член на радикалната група „Бригадите на мачениците на Ал Акса”, јави ТАСС, повикувајќи се на „Једиот Ахронот”.