ОСУДУВАМ СЕКАКОВ ГОВОР НА ОМРАЗА На првата дама не ѝ се допаѓаат навредите кон Силјановска Давкова
Осуда за ваквиот наратив стигна и од тимот за комуникации од изборниот штаб на Пендаровски, од каде што велат дека коментарот на присутниот на нивниот митинг во Куманово бил недоличен и навредлив.
По серијата осуди и обвинувањата во врска со коментарот што граѓанин присутен на синоќешниот митинг на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во Куманово ги упати кон неговата противкандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, утрово со коментар на социјалните мрежи се огласи и сопругата на актуелниот претседател и кандидат за втор мандат на функцијата, Елизабета Ѓоргиевска.
Осуда за ваквиот наратив стигна и од тимот за комуникации од изборниот штаб на Пендаровски, од каде што велат дека коментарот на присутниот на нивниот митинг во Куманово бил недоличен и навредлив.
Сопругата на Пендаровски во кратката објава на социјалните мрежи исто така вели дека осудува секаков вид говор на омраза.
„Осудувам секаков вид говор на омраза, навреди и клевети“, напиша Ѓоргиевска на Твитер.
Осудувам секаков вид на говор на омраза, навреди и клевети.
— EGjorgievska (@BetiGj) April 15, 2024