ОСУДА ОД КОВАЧЕВСКИ Признавањето на Донецк и Луганск е директен напад на Украина

Заедно со НАТО сојузниците повикуваме на решавање на конфликтот по дипломатски пат, напиша Ковачевски.

153

Премиерот Димитар Ковачевски ја осуди одлуката на Руската Федерација да ги признае регионите Донецк и Луганск во Украина како „Народни Републики“.

На својот профил на Твитер тој напиша:






„Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики. Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015. Заедно со НАТО сојузниците повикуваме на решавање на конфликтот по дипломатски пат.“

Поврзани содржини