ОСУДА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД Пендаровски изрази сочувство за настраданите во Москва

Најостро го осудувам терористичкиот напад врз цивили во „Крокус Сити Хол“ во Москва. Искрено сочувство до фамилиите на тие кои ги загубија најблиските - напиша претседателот Стево Пендаровски во објавата на Фејсбук.

160

Претседателот Стево Пендаровски го осуди терористичкиот напад врз цивили што се случи вчера во „Крокус Сити Хол“ во Москва во кој според последните податоци загинаа 143 лица.

„Најостро го осудувам терористичкиот напад врз цивили во „Крокус Сити Хол“ во Москва. Искрено сочувство до фамилиите на тие кои ги загубија најблиските. Им посакувам брзо закрепнување на повредените“ – напиша Пендаровски на својот фејсбук профил.

 






Поврзани содржини