ОСУДА НА НАПАДИТЕ И ПОВИК ЗА МИР Муцунски во разговор со шеикот Бин Зајед упати поддршка до ОАЕ
Министерот Тимчо Муцунски оствари телефонски разговор со шеикот Абдула бин Зајед, изразувајќи поддршка за ОАЕ по иранските напади и повикувајќи на деескалација за зачувување на мирот и стабилноста во регионот.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан.
Во разговорот, Муцунски изрази цврста солидарност и целосна поддршка кон ОАЕ, упатувајќи најдлабоко сочувство за жртвите од нападите. Тој остро ги осуди нападите извршени од Иран врз Обединетите Арапски Емирати, оценувајќи ги како сериозна повреда на принципите на меѓународното право, вклучително и почитувањето на државниот суверенитет и територијалниот интегритет.
Министерот Муцунски нагласи дека во услови на зголемени регионални тензии неопходни се воздржаност, одговорност и дипломатски ангажман, со цел спречување понатамошна ескалација и зачувување на стабилноста и мирот во регионот.