Острови во Грција се продаваат по значително намалени цени

Овие острови припаѓаат на групата острови на Киклади и се близу до познатите острови Фолегандрос, Сикинос, Аморгос, Куфонизи и Сирос, пренесуваат грчките страници.

1,029

Неколку мали острови во Егејското Море се огласени за продажба преку грчките страници за недвижнини.

Овие острови припаѓаат на групата острови на Киклади и се близу до познатите острови Фолегандрос, Сикинос, Аморгос, Куфонизи и Сирос, пренесуваат грчките страници.






Најевтиниот може да се купи за 4,9 милиони евра, додека најскапиот, со површина од 1,1 милиони квадратни метри, се нуди за 12 милиони евра. На друг остров има намалена цена од седум на 4,9 милиони евра.

Некои немаат плажи, но новиот сопственик има можност да ги направи во одредени делови на островот, се вели во еден од огласите. Во еден од нив има дури и пештера со „прекрасни сталактити“.

Некои од огласите за деветте острови понудени на продажба се појавија во мај и јуни годинава, а други се постари. Меѓу нив е група од три острови по цена од шест милиони евра.

Локалниот сајт за информации „Cyclades24“ забележува дека „она што импресионира е дека рекламите биле објавени на веб-страница со добра репутација, и тие биле рекламирани од добро познати агенции за недвижнини“.

Поврзани содржини