Остров на тагата сме

Вака, како што тераме досега, со лажливи и фалични наративи за некаков напредок и успех, само ќе се редат нови и нови трагедии, додека ние само ќе прелетуваме преку нив.

1,788

Никој не верува ни во одговорност, ни во правда, ниту дека нешто ќе се оправи.

Со таква општа недоверба една држава не може да опстојува.






Ќе останат болката и револтот на жртвите, на нивните семејства и на пошироката јавност, која е постојано допрена од оваа системска неспособност, негрижа и неодговорност на коруптивниот и криминален систем.

Што и да се направи сега е џабе, но барем ако се почне, ако се почне реално да се одговара, реално и сериозно да се работи, реално да се гледа јавното добро, нешто од нешто во иднина можеби ќе се поправи.

Вака, како што тераме досега, со лажливи и фалични наративи за некаков напредок и успех, само ќе се редат нови и нови трагедии, додека ние само ќе прелетуваме преку нив.

Нели гледате дека секоја и најситна негрижа, секој и дури најприфатлив коруптивен процес, во една оштетена земја како нашата, потоа креира и завршува со трагедија.

Остров на тагата сме.

(ФБ статус на авторот)

Поврзани содржини