Оставил бакшиш од 9.000 евра за да им помогне на келнерите за време на пандемијата на коронавирусот

1,697

Еден великодушен муштерија со длабок џеб им оставил неверојатен бакшиш на келнерите во ресторан во Тексас за да им помогне поради губитокот што го имаат за време на пандемијата на коронавирусот.

Неименуваниот човек оставил порака на сметката што уредно ја платил и оставил бакшиш од 8.700 евра.






„Исплатете ги вашите момчиња за следните неколку недели“, напишал тој на сметката.

Според зборовите на Луис Галван, сопственик на ресторанот „Ирма саутвест“ во Хјустон, неочекуваниот бакшиш дошол од редовен муштерија, кој веќе 15 години доаѓал во ресторанот.

– Тој беше во ресторанот и нарача вообичаена скромна вечера. По тоа, тој остави над 8.700 долари бакшиш – изјави Галван за „Фокс њуз“.

Клиентот бил во ресторанот во истиот момент кога на телевизија се зборувало за тоа како рестораните и кафулињата биле под притисок да се затворат поради пандемијата на коронавирусот.

– Имам чувство дека тој дојде тука само за да даде бакшиш. Сите беа шокирани, а ние планираме да ги потрошиме парите точно како што ни кажа муштеријата. Овие пари ќе ги поделиме меѓу вработените, а не меѓу менаџментот – рекол сопственикот на ресторанот.

FOTO: Printskrin

 

Поврзани содржини