Oстатоци од кинеската ракета паднаа во Индиски Океан, близу Малдивите
Кинеската канцеларија за вселенски инженеринг соопшти дека повеќето остатоци изгореле во атмосферата, а државните медиуми објавија дека делови од ракетата повторно влегле во атмосферата.
Остатоци од кинеската ракета за кои деновиве се шпекулкираше каде е можно да падната, рано утрово паднаа во Индискиот Океан, западно од Малдиви, а повеќето нејзини делови биле уништени при враќањето во атмосферата.
Според координатите објавени од кинеските државни медиуми, повикувајќи се на Кинеската канцеларија за вселенски инженеринг, остатоците од ракетата паднале во океанот, западно од архипелагот Малдиви.
Поради ракетата Лонг марч 5Б, некои луѓе со страв гледаа на небото, откако на 29 април полета од кинескиот остров Хаинан.
Кинеската канцеларија за вселенски инженеринг соопшти дека повеќето остатоци изгореле во атмосферата, а државните медиуми објавија дека делови од ракетата повторно влегле во атмосферата во недела во 4.24 часот.
Американската вселенска команда го потврди враќањето на ракетата над Арапскиот полуостров, но и дека е непознато дали остатоците паднале на копно или во вода.
Лонг марч е втора ракета од 5Б варијантата од нејзиниот прв лет во мај 2020 година.
Минатата година делови од првата ракета паднале на Брегот на Слоновата Коска, оштетувајќи неколку згради. Немало повредени.