ОСТАНУВАМ МИНИСТЕР СЀ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО НЕ ОДЛУЧИ ПОИНАКУ Меџити не ни помислува да поднесе оставка

Оставка се поднесува ако не си работел чесно, ако си аморален, јас не планирам оставка, рече министерот за здравство Фатмир Меџити.

279

Не поднесувам оставка, останувам министер сѐ додека Собранието не одлучи поинаку. Ова го изјави министерот за здравство Фатмир Меџити кој најави и дека по изборите ќе биде министер.

– Оставка се поднесува ако не си работел чесно, ако си аморален, јас не планирам оставка – рече Меџити.






Тој рече и дека не е вистина оти ќе разрешува директори на ДУИ.

Управниот совет на Алијансата за Албанците вчера за нов министер го предложи Илир Демири.

Партијата се соочува со раздор поради несогласувањата помеѓу Арбен Таравари и Зијадин Села дали на претстојните избори ќе настапат самостојно или ќе се приклучат кон опозицискиот блок. Конечната одлука се очекува да биде донесена в сабота на партиското Собрание.

Поврзани содржини