ОСТАНУВААТ УШТЕ 5 Управниот суд одби две жалби од Европскиот фронт

Прифатени се нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, каде ќе се прегласува во среда.

600

На избирачкото место 1194 ќе се прегласува откако Управниот суд денеска ја одби како неоснована жалбата на коалицијата предводена од ДУИ, Европски фронт.

„Тужбата на тужителот коалиција Европски фронт предводена од ДУИ за резултатите од гласањето по листите на кандидат за избор на пратеници на Собранието на Република Северна Македонија за избирачко место 1194 Општина Крушево, се одбива како неоснована. Решението на ДИК за резултатите од гласањето по листите на кандидат за избор на пратеници на Собранието на Република Северна Македонија за избирачко место 1194 Општина Крушево, се потврдува“ се наведува во пресудата.

Управниот суд денеска ја одби како неоснована  и тужбата од коалицијата Европски фронт на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од коалицијата „Твоја Македонија” за избирачкото место 1470 во Долнени на Парламентарните избори 2024.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите се оформени предмети и закажани во текот на денешниот ден.

Откако Државната изборна комисија усвои приговори од политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ во петтата и од Коалицијата „Вреди“ во шестата изборна единица, од ДУИ поднесоа тужби на одлуките на ДИК.

Пред Управниот суд се наоѓаат уште 5 тужби поднесени од Европскиот фронт предводен од ДУИ и ако бидат одбиени тогаш на неколку избирачки места во општините Охрид, Крушево и Желино ќе се прегласува веќе в среда. преку политички договор на маса. Со политички договори и монструозен антидемократски план, зготвен во партиските штабови на ВМРО, СДСМ и „Вреди“, се прави обид да се наруши волјата на граѓаните“ се наведува во соопштението на Европски фронт.

Поврзани содржини