ОСТАНАВМЕ БЕЗ ФАРУК ОМЕРАГИЌ Почина претседателот на Градскиот пливачки сојуз

Фарук Омерагиќ, роден на 16 февруари 1952 година, во својата професионална кариера беше истакнат општествен работник и организатор на многу манифестации за младите, како и еден од основачите на културната манифестација „Скопско лето“. Во 2019 година ја објави книгата поезија „Воздишка“.

2,185

По кратко боледување вчера во Скопје почина Фарук Омерагиќ, актуелен претседател на Градскиот пливачки сојуз на Скопје и долгогодишен спортски работник и активист во областа на културата и уметноста.

Преку Градскиот пливачки сојуз на Скопје тој им помогна на многу македонски пливачки надежи, додека неговата богата биографија е исполнета и со други ангажмани во минатото – беше редок познавач на коњичките спортови и поранешен член на Управниот одбор на таа федерација,  но исто така и поранешен спортист – кошаркар.






Фарук Омерагиќ, роден на 16 февруари 1952 година, во својата професионална кариера беше истакнат општествен работник и организатор на многу манифестации за младите, како и еден од основачите на културната манифестација „Скопско лето“. Во 2019 година ја објави книгата поезија „Воздишка“.

Погребот ќе биде на 13 февруари на Градските гробишта во Бутел.

Поврзани содржини