🎥 ОСОМНИЧЕНИОТ УБИЕЦ СЕ КРИЕЛ ВО БАГАЖНИК Полицијата го уапси човекот што уби турист во Ксамил

Според полицијата, осомничениот сторител, албанскиот државјанин Сократ Вата(29), од Хас, се криел во багажникот на возило управувано од 31-годишна турска државјанка, додека во возилото како сопатник патувал и 38-годишен турски државјанин.

0

Албанската полиција го уапси осомничениот убиец кој утрово со повеќе убоди од нож уби 20-годишен турист од Португалија, на плажа во Ксамил.

Осомничениот сторител е уапсен од оперативните служби на Управата за локална полиција во Валона, во соработка со службите на силите „Шќопоња“, на заедничкиот контролен пункт поставен на патниот правец Леван-Фиер.






Според полицијата, осомничениот сторител, албанскиот државјанин Сократ Вата(29), од Хас, се криел во багажникот на возило управувано од 31-годишна турска државјанка, додека во возилото како сопатник патувал и 38-годишен турски државјанин.

Осомничениот и двајцата турски државјани се спроведени во Полициската станица Валона за понатамошни процедурални дејствија.

Полицијата соопшти дека странскиот државјанин кој го загуби животот е португалскиот државјанин Луис Мигуел Варела Мендес, роден во 2005 година.

Според медиумите, Вата има долга криминална историја во странство. Претходно бил уапсен и осуден во Велика Британија за голем број сериозни кривични дела, главно шверц на кокаин.

КРВАВА НОЌ ВО КСАМИЛ, ФРАНЦУЗИН ИЗБОДЕН НА ЛЕЖАЛКА Исплива досието на осомничениот за убиството

Поврзани содржини