ОСМАНИ ЗА ИНЦИДЕНТОТ СО БИСЛИМОВСКИ Станува збор за граѓани, така што институциите да реагираат

Штом рековте поранешен, не се чувствувам повикан да коментирам, бидејќи тоа се граѓани, како и сите други граѓани. Институциите треба да постапат, како и за секој граѓанин, рече министерот.

768

За инцидентот со претседателот на РКЕ институциите треба да постапуваат како и за секој граѓанин, вели Османи.

Институциите треба да постапат, како и за секој граѓанин, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање околу инцидентот со синот на поранешен функционер на ДУИ, кој го нападна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски.






– Штом рековте поранешен, не се чувствувам повикан да коментирам, бидејќи тоа се граѓани, како и сите други граѓани. Институциите треба да постапат, како и за секој граѓанин – рече Османи, додавајќи дека да беа функционери на партијата можеби ќе изнел свој став.

Поврзани содржини