ОСМАНИ СМЕТА ДЕКА ПОВЕЌЕТО ПАТНИЦИ СЕ ОД СКОПЈЕ Само 7 патници ја преживеале несреќата

Според информациите  на БГНЕС  7 лица преживеале и се сместени во болницата  „Пирогов“ - 6 се со изгореници, а еден пациент со повреда на ногата. По преглед и проценка на нивната состојба, тие се сместени на Одделот за изгореници.

1,041

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во изјава за бугарски медиуми рече дека над 40 лица се загинати во страшната несреќа што се случи во Бугарија.

– Според тоа што го знам туристичката агенција е од Скопје, и сметам дека повеќето граѓани се од Скопје – вели Османи.






На новинарско прашање околу тоа дали знаат на која возраст се жртвите, Османи вели дека од непотврдени информации над 10 се деца, додека пак и другите лица биле млади парови кои го искористиле продолжениот викенд.

Министерот Османи моментално ги посетиува преживеаните во несреќата.

Според информациите  на БГНЕС  7 лица преживеале и се сместени во болницата  „Пирогов“ – 6 се со изгореници, а еден пациент со повреда на ногата. По преглед и проценка на нивната состојба, тие се сместени на Одделот за изгореници.

 

Поврзани содржини