ОСМАНИ ПРОГЛАСИ УБЕДЛИВА ПОБЕДА! Низ целата држава резултатите се во наша корист, рече кандидатот на ДУИ

Кандидатот на ДУИ додаде дека коалицијата остварила голема победа, на што им се заблагодари на граѓаните на довербата.

888

Претседателскиот кандидат на ДУИ, Бујар Османи од штабот на партијата ја најави победата во албанскиот табор.

– Победивме во секоја општина во државата, длабоки победи во Арачиново, Врапчиште, Студеничани, Боговиње, Желино, Ресен, Струга, Тетово, Битола, Кичево, Гостивар итн – рече Османи на прес-конференцијата.






Тој објави победа на Фронтот наспроти албанската опозиција со над 40.000 гласови во, речиси, сите поголеми градови, општини и места во Македонија.

– Денешниот глас е аманет за нас и ќе биде одлука за идните политики на оваа држава. Албанците, Турците, Бошњаците, Роми, денеска докажаа дека тие сами одлучуваат за својата судбина и никогаш нема да дозволат некој друг да одлучува за нив. Волјата на народот денеска е јасна и треба да се почитува од сите – порача Османи од партиското седиште на ДУИ во Мала Речица.

Османи додаде дека коалицијата остварила голема победа, на што им се заблагодари на граѓаните на довербата.

📽️ 📷 СО ЗУРЛИ И ТАПАНИ ДУИ СЛАВИ ВО ТЕТОВО Османи убедливо води пред Таравари

Поврзани содржини