Османи: Преговорите за влада ќе се водат во Собранието, нема потреба Ахмети да тропа на Бихаќка или Заев во Мала Речица

Според нег, по конститутивната седница на Собранието, во тие десет дена кој ќе го информира претседателот на државата дека има мнозинство тој го добива мандатот.

16,016

Вицепремиерот за европски прашања во заминување и портпарол на ДУИ Бујар Османи во интервју за Топ Тема рече дека преговорите за новата влада очекува да се водат во Собранието и оттука не е прашање кој кому ќе тропне на врата дали Ахмети ќе тропне на Бихаќска или во Белиот дворец или Заев во Мала Речица.

– Би било добро веднаш да се постигне коалициски договор и да се избере претседател на Собранието. Во Собранието е местото за разговари, нема потреба кој каде да тропа – рече Османи.






Според нег, по конститутивната седница на Собранието, во тие десет дена кој ќе го информира претседателот на државата дека има мнозинство тој го добива мандатот.

– Ако во тие десет дена никодо претседателот на државата не достави мнозинство тогаш сметам дека претседателот го дава мандатот на партијата која освоила најмногу пратеници. Коалицијата која ќе го избере претседателот на Собранието автоматски го информира претседателот на државата дека има мнозинство за да го добие мандатот – вели Османи.

Тој повтори дека црвените линии на ДУИ во преговорите за новата влада се трите договори.

– Влезен билет за преговори со нас се трите договори, затоа што ние така се поставивме во текот на кампањата, дека ДУИ е гарант на трите договори. Јас тоа го нарекувам чувар на трите договори – рече Османи и додаде:

– Многу е важно да имаме гаранција деката таа партија со која ќе влеземе во разговори прво треба да ја реши таа дилема во однос на трите договори. После тоа ќе влеземе со амбицијата за нашиот кандидат за премиер Албанец, другите ќе влезат со нивните кандидати и после тоа ќе видиме како ќе се договориме согласно аргументите што ги имаме на маса –  изјави Османи.

Тој се заложи што поскоро формирање нова влада која, како што рече, ќе биде тематска и ќе мора да биде посветена на спроведувањето на преговорите за членство со ЕУ.  Османи посочи дека откако ќе биде формирана владата ќе биде составен и тимот за преговорите со Европската Унија, кој, според него, треба да има поддрша од сите субјекти во општетсвото..

Османи во интервјуто истакна дека ДУИ била единствена политичка партија на овие избори која што имала само позитивна кампања и немала негативна реторика кон никого.

– Апсолутно кон никого, иако сите беа против нас, сите внатрешни, надворешни ангажирани и цела пропагандна машинерија на политичките партии. Ние бевме сами и не се спротивставивме и ако ја следевте добро кампањата, ниту реплициравме на сите тие напади и пропаганда врз нас, туку напротив имавме програма, имавме концепт, имавме добри кандидати и го промовиравме тој концепт и тие кандидати – нагласи Османи.

Тој нагласи дека законските решенија коишто произлегуваат од Рамковниот договор се завршени со Законот за јазици и легислативниот дел е затворен.

– Меѓутоа, духот на Рамковниот договор ќе постои додека постои последниот Албанец во оваа држава – нагласи Османи.

Спортед него, концептот „премиер Албанец“ не е етничко прашање, туку е прашање на постигнување на рамноправност.

– Етничко прашање би било доколку тој слоган немаше да содржи кандидат во самиот концепт, туку едноставно би се повикувале на етничката припадност. Меѓутоа, во услови кога државјанин на Република Северна Македонија предложен од партија излегува како кандидат за премиер, тоа мислам дека е богатство во секоја држава и е во рамки на сите демократски и законски принципи затоа што ние сметаме дека направивме услуга на Албанците, бидејќи на овие избори игравме во „Прва лига“. Ние сме научени за позицијата премиер да се натпреваруваат само две македонски политички партии, ниту има трета опција во смисла на генерална трета опција, ниту, пак, албанска политичка партија може да претендира за такви позиции на ексклузивен монопол – рече Османи.

Тој нагласи дека 105 илјади Албанци го поддржале концептот за премиер Албанец, а над 80 проценти на анкета на јавното мислење исто така сметале дека е тоа добар концепт и е концепт којшто носи рамноправност, додавајќи дека барањето за Албанец премиер не може да се смета како уцена.

Тој повтори дека би сакале да продолжат во коалиција со СДСМ, што го кажале и пред изборите.

Поврзани содржини