ОСМАНИ МАНИПУЛИРА ЗА ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ Мицкоски вели дека може да има само меѓувладина конференција за сликање
Мицковски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи промени на македонскиот Устав.
Нема да почнат преговорите се додека целокупната преговарачка рамка, ние не ја испочитуваме, а во таа преговарачка рамка ќе бидат вклучени барањата од страна на Бугарија, вклучително и интервенцијата во македонскиот Устав, а (Бујар) Османи само ја манипулира јавноста изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Неговиот коментар следува откако претходно денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кажа дека треба да вложат максимални напори до ова лето, оти е последната шанса за решавање на спорот за Бугарија, а истовремено ја повика и опозицијата на конструктивност.
– Единственото нешто кое што може да се случи е да се случи прва меѓувладина конференција ма која нема суштина и на неа ќе се сликаат претставниците на Европската комисија и на македонската влада, и тука завршува се – вели Мицкоски.
Мицковски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи промени на македонскиот Устав.
-Бидејќи за тоа се потребни 2/3, токму поради тоа што немаме никаква гаранција дека со тоа се затвораат сите отворени прашања помеѓу Македонија и Бугарија, и дека до самото членство на Македонија во ЕУ, нема да имаме повеќе вакви хегемонски барања од страна на политичарите кај нашиот источен сосед – рече тој.