Османи: Малцинската влада е изборна реторика, ДУИ ќе биде клучен фактор

641

ДУИ ќе биде клучен фактор, изборна реторика е малцинската влада што се најавува меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, смета Бујар Османи од ДУИ кој вечерва беше гостин во „Само интервју“ на Канал 5.

– Прашањето за Албанец премиер не е етничко барање, туку за прашање за постигнување еднавост во државата. Тоа не е ад хок прашање, туку долгорочна цел, најавено уште во 2009 година. Премиер никогаш не бил Албанец, тоа значи се чува екслузивно за една етничка група и тоа значи подреденост на граѓаните од една и од друга етничка заедница. Затоа ние велиме после претседател на Собрание логичен след на чекори е претседател на Влада и со тоа се рушат сите точки на отпор кон еднаквоста. Натпартиско решение треба да биде премиер, а таков е господинот Насер Зибери. Отпорот за премиер Албанец е етнички, а тоа ќе се промени штом идејата ќе стане стварност – истакна Османи.

Поврзани содржини