Османи: Им благодарам на граѓаните за почитувањето на рестриктивните мерки
Со тоа станавте десна рака на здравствените работници. Имаше и одредени пропусти и критики кон нас во однос на имплементирањето на мерките, но морам да кажам дека оваа закана е невидена претходно - рече вицепремиерот.
Вицепремиерот Бујар Османи на денешната прес конференција прво им се заблагодари на граѓаните за почитувањето на рестриктивните мерки. Рече дека имало одредени пропусти, но ситуацијата никогаш не излегла од контрола.
– Почитувани граѓани, сакам да ви се заблагодарам на високата свест и за придржувањето до рестрктивните мерки. Со тоа станавте десна рака на здравствените работници. Имаше и одредени пропусти и критики кон нас во однос на имплементирањето на мерките, но морам да кажам дека оваа закана е невидена претходно. Така да ова не беше лесно ни за Владата, ниту за граѓаните кои мораа да ги сменат своите навики. Но, и поради малите пропусти, во ниту еден момент не излезе од контрола. Денешните укинување на рестрикциите не се ад хок решенија, туку се дел од една стратегија – рече Османи.