ОСЛОБОДЕН НАУЧНИКОТ КОЈ ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАШЕ БЕБИЊА Кинезот очекувал да добие Нобелова награда, а завршил в затвор

Не е јасно што следно намислил Џанкуи. Извори за MIT Tech велат дека тој очекувал да добие Нобелова награда, а потоа бил шокиран од бесот што експериментот го предизвикал. Го опишуваа како „идеалист, наивен и амбициозен“ човек. Интересно е што порталот MIT Tech беше и прв кој ја објави веста за експериментот на научникот во 2018 година.

221

Се сеќавате на Хе Џианкуи, кинескиот научник кој го шокираше светот кога кон крајот на 2018 година се дозна дека го користел CRISPR методот за да го помеша генетскиот код на ембрионите со ИВФ, што доведе до раѓање на близнаци кои веројатно се првите генетски модифицирани луѓе во светот? Епа, тој излезе од затвор, пишува Футуризам.

Веста доведе до широки негодувања меѓу научниците, етичарите и регулаторите, а експертите подоцна открија дека експериментот е извалкан со „огромни научни и етички пропусти“.






Накратко речено, Кина мораше да го затвори научникот Џианкуи, кој исто така ја загуби својата истражувачка позиција на Јужниот универзитет за наука и технологија во Кина. Денеска порталот MIT Technology Review пишува дека Џианкуи е надвор од затвор, па дури и дека одговорил на својот мобилен телефон на нивниот повик.

– Не е погодно да се зборува во моментов – рекол тој за MIT Tech и  го прекинал разговорот.

Не е јасно што следно намислил Џанкуи. Извори за MIT Tech велат дека тој очекувал да добие Нобелова награда, а потоа бил шокиран од бесот што експериментот го предизвикал. Го опишуваа како „идеалист, наивен и амбициозен“ човек. Интересно е што порталот MIT Tech беше и прв кој ја објави веста за експериментот на научникот во 2018 година.

Уште пред да оди во затвор, Џанкуи, наводно, имал „прелиминарни разговори“ за основање дизајнерска клиника за бебиња или во Кина или Швајцарија, иако разговорите очигледно не отишле многу далеку.

Освен што научниците уште немаат поим како генетскиот код точно функционира во еден организам, уште поголем е етичкиот проблем. Прашањето дали генетското модифицирање луѓе е морално или не, не е едно туку збир прашања кои допрва треба да бидат одговорени.

 

Поврзани содржини