Џош Бролин доби ќерка на 52 години, ѝ даде уникатно име ФОТО

750

Актерот Џош Бролин и неговата сопруга Катрин оваа година добија посебен подарок за Божиќ.

Во неделата, двојката објави дека добиле уште едно дете, мало девојче кое го нарекоа Чепел Грејс и го опишаа како нивниот „мал божиќен ангел“.






Педесет и двегодишниот актер го објасни уникатното име на бебето на Инстаграм. Тој вели дека двојката секогаш наоѓала утеха и мир во капелите и иако не се особено религиозни, тој додава дека таму божествено чувство секогаш ги обземало.

„Чпел Грејс за нас е манифестација на тоа небесно чувство кое секогаш беше присутно додека баравме и клекнувавме“, додаде тој.

„Чепл Грејс Бролин, родена во 18:20 часот на 12/25/2020, нашиот мал божиќен ангел“, напиша Кетрин (33) на својот инстаграм-профил.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини