ОСАМЕНОСТА МОЖЕ ДА ГО ЗГОЛЕМИ РИЗИКОТ ОД МОЗОЧЕН УДАР За 56 отсто поголем ризикот од шлог кај оние кои чувствуваат самотија
Чувството на осаменост не е поврзано со бројот на луѓе околу вас – важно е како се чувствувате. А според една нова студија, осаменоста може да влијае на ризикот од мозочен удар.
Според една нова студија, постарите возрасни лица кои пријавиле дека се хронично осамени имале 56 отсто поголем ризик од мозочен удар од оние кои биле секогаш ниско позиционирани на скалата на осаменост, пренесува CNN.
„Важно е редовно да се проценува осаменоста, бидејќи последиците може да бидат полоши ако не се идентификува и/или се игнорира“, вели водечкиот автор на студијата д-р Јене Сох, научен соработник во Одделот за социјални и бихејвиорални науки на Харвардската школа за јавно здравје Т.Х. Чан.
Студијата, која беше објавена во списанието eClinicalMedicine, ги разгледала податоците собрани помеѓу 2006 и 2018 година како дел од истражувањето Health and Retirement Study.
Според студијата, првично биле анкетирани повеќе од 12.000 учесници на возраст од 50 или повеќе години помеѓу 2006 и 2008 година.
Во понатамошното следење на истражувачите, четири години подоцна, во студијата останале речиси 9.000 учесници.
Повеќе за ова на „Мајка и дете“.