📽️ ОСАКА ПОКАЖА НЕВИДЕНА ЕЛЕГАНЦИЈА ВО СВЕТОТ НА ТЕНИСОТ Сабаленка ја пофали, посака да го направи истото со „Најк“
Облеката на Наоми совршено го изразува нејзиниот карактер, нејзината култура и многу повеќе. Беше кул. Би сакала и Најк да ми дозволи да правам вакви работи. Не оваа година, но работиме на тоа. Би сакала да излезам како да сум на црвениот тепих, изјави првиот светски рекет Арина Сабаленка за изгледот на нејзината колешка Наоми Осака на теренот во Австралија.
Арина Сабаленка, првиот светски рекет, со восхит зборувала за изгледот на Наоми Осака на првиот натпревар од Отвореното првенство на Австралија, нарекувајќи ја нејзината облека „совршено огледало на нејзиниот карактер и култура“.
Дваесет и осумгодишната Осака, враќајќи се по пауза од мајчинство, го привлече вниманието на публиката во арената „Род Лејвер“ со нејзиниот уникатен изглед.
Таа излезе на терен со бел чадор со лице делумно покриено со бел превез и широка шапка.
– Убавината на модата е во тоа што можете да се изразите. Тоа е прилично слободен свет, нема осудување, само различни перспективи. Облеката на Наоми совршено го изразува нејзиниот карактер, нејзината култура и многу повеќе. Беше кул. Би сакала и (познатиот бренд за облека) Најк да ми дозволи да правам вакви работи. Не оваа година, но работиме на тоа. Би сакала да излезам како да сум на црвениот тепих. Ќе смислам нешто за следната година – изјавила Сабаленка на прес-конференција.
Ненадејното појавување на теренот во бела облека, Осака го заокружи со комбинација од сино-бел фустан со набори и мотиви на пеперутки. Тоа е симбол што долго ја следи во нејзината кариера.
Naomi Osaka, you ICON. pic.twitter.com/f1MlXxGYHX
— Tanya (@ScriptedTanya) January 20, 2026