ОРУЖЕНИ ПРЕСТРЕЛКИ УТРОВО ВО СУМИ И ВО КИЕВ Чешка и Холандија најавија воена помош за Украина

Западни медиуми јавуваат дека силите на територијалната одбрана се ангажирани против руската војска.

1,969

Оружени престрелки повторно се забележани во градот Сму во североисточна Украина, со повик на локалните власти до населението да остане во своите домови.

Западни медиуми јавуваат дека силите на територијалната одбрана се ангажирани против руската војска.






Извештаите јавуваат за оружени престрелки утрово и во Киев.

Украинското Министерство за здравство соопшти дека досега се убиени 198 луѓе, а повредени се 1.115 лица од кои 33 деца.

Владата на Чешка одобри испраќање оружје од 8,6 милиони долари за Украина. Холандија соопшти дека ќе испорача уште 200 ракети за противвоздушна одбрана.

Поврзани содржини