ЕРМЕНИЈА НАПАДНАТА ОД АЗЕРБЕЈЏАН? Оган долж целата граница, Ереван бара помош од Путин
Азербејџанските војници ги нападнаа ерменските позиции на три позиции со артилерија и оружје од висок калибар, соопштија руските медиуми, повикувајќи се на ерменското Министерство за одбрана.
Ерменија утринавата се пожали дека е нападната од соседен Азербејџан и побара од помош од Русија. Беспилотно летало Бајрактар од турско производство, наводно, било соборено над Варденис, кој се наоѓа во северна Ерменија и не е блиску до спорниот регион Нагорно-Карабах. ТАСС пренесува дека силите на Азербејџан отвориле интензивен оган во правец на неколку ерменски градови користејќи артилерија и оружје од голем и мал калибар.
Владата на Ерменија веќе се обратила до Русија, Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) и до Советот за безбедност на ОН во врска со конфликтите на границата со Азербејџан, изјави за ТАСС владин претставник од прес-службата.
Дека конфликт има потврди и Министерството за одбрана на Азербејџан. Според нив ерменските вооружени сили извршиле голема саботажа на границата на двете земји и „почнале со широки провокации“. Министерството за одбрана во Баку соопшти дека има жртви на азербејџанска страна. Азербејџан, исто така, тврдеше дека има загуби меѓу персоналот и воената опрема на ерменските вооружени сили.
„Поради итните мерки што ги преземаа нашите единици за итно спречување на овие активности, дојде до вооружен конфликт“, се вели во соопштението на министерството.
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан ги покани Владимир Путин, францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот државен секретар Ентони Блинкен да разговараат за ситуацијата. Блинкен повика на итен прекин на непријателствата, за кои секоја страна ја обвинува другата.
Владата на Азербејџан објави дека Ерменија „почнала со широки провокации“ против
Двете земји со децении наназад имаат несогласувања за регионот Нагорно-Карабах, кој во советско време имаше мнозинско ерменско население, но легално беше дел од Азербејџан.
По распадот на Советскиот Сојуз, Нагорно-Карабах прогласи независност од Баку како Република Арцах, со поддршка од Ереван, што предизвика тригодишна војна.
Војната заврши во 1994 година со победа на Ерменија, а Нагорно-Карабах беше под ерменска контрола четвртина век, иако неговиот статус никогаш не беше меѓународно признат.
По една деценија стагнација, Азербејџан во 2020 година повторно зазеде големи делови од регионот, принудувајќи ја Ерменија да направи големи територијални отстапки. Ова вклучуваше одредба со која се ограничува пристапот на Ерменија во регионот до безбеден коридор надгледуван од руски мировници.
Во меѓувреме, примирјето на неколку пати беше прекинувано со спорадични напади од двете страни.