ОРУЖЈЕ, ОРУЖЈЕ И УШТЕ ОРУЖЈЕ Украинскиот министер има само три барања од НАТО

Мојата агенда е многу едноставна. Во неа има само три точки. Тоа се оружје, оружје и оружје, изјави Кулеба пред новинарите пред состанокот со министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел.

351

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ги повика членките на НАТО да му го дадат на Киев сето оружје што му е потребно за борба против Русија.

– Мојата агенда е многу едноставна. Во неа има само три точки. Тоа се оружје, оружје и оружје – изјави Кулеба пред новинарите пред состанокот со министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел.






– Ги повикувам сите сојузници да ги остават настрана своите колебања и неподготвеноста да ѝ обезбедат на Украина сè што ѝ треба – рече тој.

– Најдобар начин да ѝ се помогне на Украина е да ѝ се обезбеди на земјата се шт о ѝ е потребно за да го стави рускиот претседател Владимир Путин на свое место и да ја порази руската армија – додаде тој.

Кулеба рече дека Германија може да направи повеќе во однос на испораката на оружје „со оглед на нејзините резерви и капацитети“ и дека донесувањето одлуки трае премногу долго.

– Додека Берлин има време, Киев нема – потенцираше Кулеба.

– Колку повеќе и побрзо Украина добива оружје, толку повеќе животи ќе бидат спасени и помалку градови ќе бидат уништени – рече тој.

Украина го повикува Западот да ги зголеми испораките на потешко оружје, вклучувајќи системи за противвоздушна одбрана, артилерија, тенкови и авиони, додека Москва ја пренасочува својата офанзива кон исток.

Поврзани содржини