ОРОТО, ЧОЧЕКОТ И БЛЕХ МУЗИКАТА ЈА ОДНЕСОА СДСМ ВО СЛЕП ТУНЕЛ Владејачката ВМРО-ДПМНЕ има план и визија за светла иднина
СДСМ нема право да зборува за инвестиции, бидејќи во нивно време најголем настан беше играње чочек и трубачи во тунел, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.
Има ли светло на крај од тунелот на СДСМ, демолиран рејтинг и контрадикторни соопштенија, прашува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„СДСМ сѐ уште не може да се разбуди од кошмарот кој го доживеа на изборите па пишуваат небулозни соопштенија спротивни со здравиот разум. Во постизборен шок секојдневно самите со комични соопштенија си пукаат во нозе. СДСМ е целосно во хаос и секојдневно тоне во сопствените илузии во обид да се консолидира. Наместо нонсенс соопштенија, СДСМ нека се потрудат народот да дознае кој им е лидер. Рејтингот на СДСМ е во слободен пад за што говорат и последните анкети каде ВМРО-ДПМНЕ има тројна предност пред СДСМ, а претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски 5:1 наспроти Венко Филипче. ВМРО-ДПМНЕ има повеќе проекти и реализација во првите 100 дена отколку СДСМ во 7 години“, наведено е во соопштението.
СДСМ нема право да зборува за инвестиции, бидејќи во нивно време најголем настан беше играње чочек и трубачи во тунел, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.
„Во време на СДСМ кога милијарди народни пари беа во прашање СДСМ дозволија надзор да им бидат фирми за производство на долна облека. СДСМ нека се потсетат како нивниот министер за транспорт и врски Бочварски дозволи главниот коридор да им биде воден од Артан Груби, а надзор да им бидат фирми за производство на гаќи. СДСМ во 7 години лопата не фрлија, затоа наместо политиканство и акробации да се реформираат бидејќи на државата и е потреба силна опозиција за просперитетна држава“, се вели во соопштението.