Организирањето свадби на отворено ќе зависи од падот на новозаболени со ковид-19
Со ваквиот број на новозаразени, ќе биде дискутирано да се дозволат свадби по протоколи на отворен простор - истакна првиот човек на здравство.
На денешната прес-конференција, министерот Филипче најави дополнително олабавување на мерките, а доколку и во иднина продолжи овој тренд на намалување на бројот на заболени, можно е и организирање на свадби на отворен простор со сите здравствени протоколи
– Притисокот спласнува и во околните земји. Овие мерки е решено дека ќе останат до први јуни. Дали овие трендови ќе продолжат понатаму, дополнително ќе одлучуваме со Комисијата за заразни болести. Будно ја следиме ситуацијата и треба да бидеме внимателни. Маските ќе се носат и понатаму, а можно е да има олабавување на мерките ако продолжи овој тренд. Со ваквиот број на новозаразени, ќе биде дискутирано да се дозволат свадби по протоколи на отворен простор – истакна првиот човек на здравство.
Тој изрази надеж дека бројките ќе продолжат да се намалуваат и оти потоа ќе може да се размислува и зборува за олабавување на мерките. Посочи дека треба да продолжи и понатаму одржувањето на настани со 30 отсто исполнетост на капацитетот во затворени услови или 50 отсто надвор.