Јорданскиот мафијаш со македонски пасош двапати летал преку скопскиот аеродром
Истрагата сè уште не дава одговор како се случило Хмаис двапати да го користи македонскиот пасош со име Таќо Вурмо на скопскиот аеродром.
Јорданскиот мафијаш на италијанската „Ндрангета” со македонски пасош двапати летал преку скопскиот аеродром.
Ова го открива телевизија Телма која пренесува детали од истрагата на бразилското разузнавање за човекот што добил македонски пасош за еден ден, а го бркаат дузина светски полиции.
По информација на бразилските новинари и Телма повторно се поставува прашањето зошто Скопско обвинителство нема поднесено обвинение против Валид Иса Хмаис за кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”.
Истрагата сè уште не дава одговор како се случило Хмаис двапати да го користи македонскиот пасош со име Таќо Вурмо на скопскиот аеродром.