ЃОРЧЕСКА НЕМАШЕ СРЕЌА Нашата најдобра тенисерка го заврши настапот во Загреб
Фјучерсот во Загреб се игра за награден фонд од 60.000 долари.
Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на фјучерсот во Загреб, откако попладнево загуби во воведното коло од осмата носителка Селена Јаничијевиќ од Франција со 2-0 во сетови (6-3, 6-3).
На стартот од дуелот, Ѓорческа направи брејк за водство од 1:0, но противничката врати со серија од четири гема и ја зачува предноста до крајот за водство во сетови од 1-0.
Ѓорческа ѝ дозволи брејк на француската тенисерка на стартот од вториот сет, но се врати резултатски за водство од 2-1 и 3-2. Сепак, уследи нова серија од четири гема со два брејка за француската тенисерка која и вториот сет го доби со 6:3 во гемови и избори пласман во четвртфиналето.
Фјучерсот во Загреб се игра за награден фонд од 60.000 долари.