🎥 📷 ОРЦЕ НАПРАВИ МОБИЛИЗАЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ЃУБРЕТО Се построија камиони, вработени, градоначалници…

Ги мобилизиравме сите служби и во следните 72 часа ќе покажеме дека тоа е можно - изјави Ѓорѓиевски при стартот на акцијата.

4,229

Новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски вечерва од паркингот кај хотелот „Александар Палас“ го означи почетокот на голема акција за чистење на градскиот смет, кој е наталожен во огромни количини поради подолгото нефункционирање на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Дека ќе го исчисти Скопје во само 72 часа од стапувањето на функција беше едно од неговите предизборни ветувања.

– Скопје мора да биде чист, достоинствен и уреден град. Ги мобилизиравме сите служби и во следните 72 часа ќе покажеме дека тоа е можно – изјави Ѓорѓиевски при стартот на акцијата.






Покрај големата механизација, камиони и вработени во јавните претпријатија, многу поддржувачи и симпатизери, во придружба на градоначалникот Ѓорѓиевски беа и повеќето скопски градоначалници, како и премиерот Христијан Мицкоски. Присутни беа градоначалниците на Општина Аеродром Дејан Митески, на Кисела Вода Бети Стаменковска Трајкоска и на Карпош Сотир Лукровски, како и Бобан Стефковски од Гази Баба и Александар Стојковски од Ѓорче Петров,

Во рамките на акцијата ќе се работи интензивно на собирање на отпадот, миење на улиците, како и на плоштадот „Македонија“ и на кејот на реката Вардар. Тимови од јавните претпријатија ќе бидат распоредени во сите делови на градот со цел за рекордно време да се отстрани наталожениот смет и нечистотија.

Поврзани содржини