ОРБАН ГИ НАРЕЧЕ ОПАСНИ ПОСТАПАКИТЕ НА БРИСЕЛ КОН ЗАПАДЕН БАЛКАН Поткопувањето на демократски избраните лидери ја засилува нестабилноста

Унгарија останува посветена на промовирање на мир, меѓусебно почитување и разбирање меѓу соседните земји, како и на јакнење на односите со сите партнери низ регионот.

364

Унгарскиот премиер Виктор Орбан остро го критикуваше односот на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан, нарекувајќи го „неодговорен и опасен“, јави Анадолија.

Орбан ја даде оваа изјава по средбата со претседавачката со Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, што се одржа на маргините на 4. Дипломатски форум во Анталија.






– Постапките на Брисел кон Западен Балкан, вклучително и поткопувањето на демократски избрани лидери, се неодговорни и опасни. Таквите тактики само ја засилуваат нестабилноста во регионот – изјави Орбан.

Тој додаде дека Унгарија останува посветена на промовирање на мир, меѓусебно почитување и разбирање меѓу соседните земји, како и на јакнење на односите со сите партнери низ регионот.

Поврзани содржини