ЏОРЏ КЛУНИ ПАК Е СЕДОКОС ШАРМЕР „Со лошата црна изгледав како дилер на дрога“
Џорџ Клуни ги привлече погледите на црвениот тепих на 78-ото доделување на наградите „Тони“ во својот препознатлив стил – со својата природна, седа коса што реши да ја врати по долго време.
Клуни ја доби својата прва номинација за наградата „Тони“ оваа година, благодарение на улогата во бродвејската претстава „Good Night, and Good Luck“, што беше причина за да ја обои косата во темна боја за да личи на новинарот Едвард Р. Мароу што го играше.
Сепак, завршувањето на претставата, реши да се врати на својата природна боја.
– Изгледав како дилер на дрога со таа лоша црна боја за коса – признава актерот.