Џорџија започнува истрага против Трамп

Истрагата во Џорџија е втора со која се соочува Трамп по истрагата почната во Њујорк.

279

Обвинителството на округот Фултон почна истрага за обидите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да ги поништи изборните резултати во американската држава Џорџија, вклучително и телефонски повик до државниот секретар Бред Рафенспергер во кој тој го притиска да „најде“ доволно гласови за да му помогне да направи пресврт поради поразот.

Фани Вилис, неодамна избран обвинител во округот Фултон од Демократската партија, испрати писмо до бројни функционери, вклучувајќи го и Рафенспергер, барајќи од нив да ги чуваат документите поврзани со телефонскиот повик на Трамп, изјави државен службеник запознат со содржината на писмото, јави Њујорк Тајмс.






Тоа е еден од најмалку три телефонски разговори кои биле извршени за еден месец од почетокот на декември до почетокот на јануари, а во кои Трамп барал помош од високи функционери на Џорџија во обид да го смени исходот од изборите.

Истрагата во Џорџија е втора со која се соочува Трамп по истрагата почната во Њујорк.

Трамп загуби од Бајден во Џорџија со 11.779 гласа.

Поврзани содржини