Пејачот Ѓорѓе Давид (55) потврди на својот инстаграм-профил дека е позитивен на ковид-19, коронавирусот. Музичарот ги извести сите следбеници дека тестот покажал дека е позитивен.
„За жал… штотуку ми е потврдено дека имам ковид-19! Не сфаќам, очаен сум. Луѓе чувајте се. Ве молам“, напишал тој на Инстаграм.
Ѓорѓе неодамна напишал дека прво добил воспаление на белите дробови, а потоа одлучил да се тестра на коронавирус, на кој, како што самиот рекол на крајот, е позитивен.
Директорот на „Ѕвездите на Гранд“, Саша Поповиќ изјавил дека жирито на шоуто имало конткат со Ѓорѓе Давид, меѓутоа последен пат на 26 февруари.
FOTO: Instagram/Printskrin