Џорџ Буш: Повлекувањето од Авганистан е грешка, жените и девојчињата неописливо ќе страдаат

Авганистанските жени и девојчиња неописливо ќе страдаат. Ова е грешка … Тие едноставно ќе бидат напуштени да бидат немилосрдно убиени од овие многу брутални луѓе и тоа ми го крши срцето - изјави Буш за германската телевизија Дојче веле.

810

Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш го критикуваше повлекувањето на САД и НАТО од Авганистан, нагласувајќи дека цивилите се оставени да бидат „немилосрдно убиени“ од талибанците.

– Авганистанските жени и девојчиња неописливо ќе страдаат. Ова е грешка … Тие едноставно ќе бидат напуштени да бидат немилосрдно убиени од овие многу брутални луѓе и тоа ми го крши срцето – изјави Буш за германската телевизија Дојче веле.






Тој додаде дека верува оти германската канцеларка Ангела Меркел се чувствува исто.

Силите на САД и НАТО почнаа да се повлекуваат од Авганистан на почетокот на мај и тие мора да бидат целосно повлечени до 11 септември, околу 20 години по распоредувањњето во таа држава.
Повеќето од 2.500 американски и 7.500 војници на НАТО веќе заминаа од Авганистан.

Поврзани содржини